Костадинов: Струмица ќе ја градиме заедно со вас, мои сограѓани. Вие ќе бидете наши партнери во нејзиниот развој

Градоначалникот Костадин Костадинов вели дека паралелно со Јавните собири, започнува уште една форма на партиципативност на граѓаните во креирањето на општинските политики и креирањето на општинскиот буџет, а тоа е програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2021/2022 година.

„Ветив и исполнувам. Струмица ќе ја градиме заедно со вас, мои сограѓани. Вие ќе бидете наши партнери во нејзиниот развој. Само така ќе имаме Општина по мерка на сите. Паралелно со Јавните собири, започнавме со уште една форма на партиципативност на граѓаните во креирањето на општинските политики и креирањето на општинскиот буџет, а тоа е програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2021/2022 година. Во големата сала на домот на АРМ, вечерва ја одржавме првата од вкупно пет буџетски сесии, на која граѓаните се запознаа со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на Општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година“, речи Костадинов.

Comments are closed.