Доминација на струмичани, актуелниот првак Струмица 47&72 славеше над ГОК Борец

ФОТО: ОК Струмица 47&72

Актуелниот првак уште еднаш потврди дека е доминантен во македонската одбојка, а се поголема е мешаницата во трката за влез во Втората фаза-1 напролет. Струмица 47&72 славеше над ГОК Борец во три сета со само 37 загубени поени во пресметката на двете непоразени екипи до шестото коло во Првата лига (мажи), па отсега е осамена на врвот со пет победи.

Велешани го задржаа второто место затоа што имаат бод повеќе од Шкендија која го претрпе вториот сезонски пораз, овој паткај Вардар со 3:1. За ланскиот полуфиналист ова беше прв триумф во натпреварувањето по почетните четири загубени меча, но со оглед на странските засилувања, црвено-црните може да ги направат особени интересни претстојните пет рунди од есенскиот дел затоа што сега и тие се кандидати за пласман меѓу првите шест.

ФОТО: ОК Струмица 47&72

Во тоа друштво е и вицешампионот Универзитет во Тетово кој ја предводи низата од четири екипи со по три победи. Тетовци очекувано се радуваапротив Јанта волеј, Штип УГД го доби локалното соочување со Весна Пробиштип, истокако и Лирија против Македонија Џио. Тоа значи дека Универзитет во Тетово, Лирија, Штип УГД и Весна Пробиштип се на делба од 4-то до 7-то место, со победа помалку од ГОК Борец и од Шкендија, но со две победи предност пред Вардар кој исто така има амбиција да настапи во главниот натпреварувачки сегмент позимската пауза.

ФОТО: ОК Струмица 47&72

Comments are closed.