
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денес имаше работен состанок со директорите на општинските основни училишта.
„За кусо време покажавме дека кога сакаме, можеме. Можеме да работиме и повеќе, и професионално, одговорно и дисциплинирано. Така и се договоривме на денешната работна средба со директорите на општинските основни училишта. Мора, редот и дисциплината да ги кренат на повисоко ниво и да бидат пример за учениците и локалната заедница. Им порачав максимално да се вложат во спроведување на квалитетен воспитно – образовен процес од кој очекуваме образовани и воспитани генерации. И како Градоначалник и како Општина им стоиме на располагање за решавање на сите проблеми и новите предизвици со коишто се соочуваат во спроведувањето на образовните реформи“, вели Костадинов.

