Посета на Трикала во Грција

Туристичката агенција „Македонија Сообраќај“ А.Д. – Скопје организира еднодневна посета на Трикала, Грција.

Се поаѓа во 05:00 часот од Скопје, а од Струмица се доаѓа од 06:00 часот. Се патува преку грничен премин Богородица. Попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Трикала.

Рaботилницата на џуџињата каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со нив, да цртаат, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Не заборавајте да понесете ракавици и шалче, фото апарат, позитивно расположение и голема насмевка , Ве очекува голема доза на среќа…

Барем на еден ден дозволете си да бидете во светот на фантазијата и почувствувајте го новогодишниот амбиент во Божиќното село во градчето Трикала… Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу забава и среќа… Поаѓање за Скопје во 18 часот.

Цeна за возрасни 1500 денари
Прво дете до 12 години 1000 денари
Второ дете 700 денари
Трето дете 700 денари

Аранжманот вклучува:
• Превоз на наведената релација со високотуристички автобуси
• Пратител на група од агенција
• Организација на патувањето

Услови за патување:

За излез и за влез од државата од 01.09.2021 потребен ви е ЕДЕН од следните документи:

  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19;
  • Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  • Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Северна Македонија или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата;
  • Задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена на домашните и странските државјани, доколку при влез во државата немаат негативен PCR тест, потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19;
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Comments are closed.