
Ракометарите на Астраион загубија на гостувањето кај МРК Куманово со 25:15 во меч од 8. коло на Првата машка ракометна лига.
Во натпреварот одигран во салата на СОУ „Перо Наков“ првиот дел од натпреварот заврши со висока предност за домаќинот од 15:7, па во вториот дел кумановци не дозволија никакви изненадувања.
Најдобри кај Куманово со по пет погодоци беа Мартин Димовски и Иван Димитров, додека пак кај струмичани очекувано Иванче Ончев со девет погодоци беше најдобар стрелец.
Во однос на табелата Астраион останува на осмата позиција со 6 освоени бодови.