Нова победа за КК Струмица против КК Борец

АРХИВА

Уште една победа за кошаркарите на Струмица, овој пат против искусната екипа на Борец од Велес. Во доста интересен натпревар со многу кошеви во кој и двете екипи се менуваа со водството во текот на целиот натпревар струмичките ракометари успеаа на крај да слават и да запишат уште една победа.

Јунак на натпреварот беше младиот Душан Ахтаров кој со две тројки во последната минута го реши победникот. Добар натпревар одиграа сите играчи, а во листата на стрелците се запишаа Љ. Мелов со 26 поени , Д. Абрашев 23, М. Ѓоргиев, Д. Ахтаров 9, Б. Димитриев 9 и А. Костадинов и А. Шајкаров со по 7 поени.

Comments are closed.