ЖФК Тиверија со убедлива победа славеше над ЖФК Деспина од Прилеп

Фудбалерите на Тиверија со убедливи 3:1 славеа во дербито на колото против ЖФК Деспина Прилеп во рамки на 5. коло од Првата женска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен по само четири минути игра, откако Сара Велкова ја погоди мрежата на Боризоска за водство од 1:0 за струмичанки. Веќе во 15. минута Милица Шебек донесе двојна предност за ЖФК Тиверија. Во 27. минута Теодора Николовска зголеми на високи 3:0, а пет минути подоцна капитенката на прилепчанки Сара Евтинџиоска ги постави конечните 3:1.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува кај ЖФК Љуботен во Тетово.

Comments are closed.