
Фудбалерите на Беласица во рамки на 10. коло од Втората лига – Исток забележаа убедлива победа од 4:1 над радовишки Детонит.
Струмичани резултатот го отворија по само единаесет минути, откако Спасе Терзиев ја погоди мрежата на Купанов за 1:0. Веќе во 22. минута водството на Беласица беше дуплирано со гол на Васко Глигоров. На стартот од вториот дел Славчо Јанев успеа да ја намали предноста на Беласица на 2:1, па со тоа го врати Детонит во трка за бодови. Во 67. минута Васил Крстев зголеми на 3:1, а веќе во 84. минута Купанов по четврт пат капитулираше, откако Филип Михаилов ги постави конечните 4:1.
Беласица останува и понатаму на четвртото место на табелата со 17 бодови, додека пак Детонит е повторно во опасната зона за испаѓање односно на осмото место со 10 бодови.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Братство.