
Академија Пандев вчера на гостувањето во Скопје против Работнички славеше со убедливи 0:3 во меч од 13. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Двоен стрелец за „пандевци“ беше голгетерот Мартин Мирчевски, а резултатот го отвори Ване Крстевски уште во 7. минута од натпреварот. Бојан Илиевски од Работнички беше исклучен во 83. минута од натпреварот поради втор жолт картон заработен поради недозволен старт.
Академија Пандев сега е на второто место на табелата со 25 бодови и има негатива од само четири бодови во однос на лидерот Шкупи. Работнички е седми на табелата со 18 бодови.
Во следното коло Академија Пандев ќе биде домаќин на Шкупи во Струмица.