Фудбалерките на ЖФК Тиверија на дерби против ЖФК Деспина од Прилеп

Фудбалерките на ЖФК Тиверија утре го играат дербито на колото против ЖФК Деспина од Прилеп во меч од 5. коло од Првата женска фудбалска лига.

Струмичките фудбалерки во претходното коло забележаа голема победа во Велес над ЖФК Борец, па тоа ќе биде мотив плус да се продолжи победничката серија веќе утре против ЖФК Деспина. Екипата од Прилеп на стартот од новата сезона има скор од две победи и два порази, па притисокот за позитивен исход ќе биде голем.

Натпреварот се игра на Општинското фудбалско игралиште во Струмица со почеток во 14:00 часот.

Comments are closed.