
Екипата на Академија Пандев утре ќе гостува во Скопје каде ќе ги одмери силите со Работнички во рамки на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Тешко гостување за струмичките фудбалери каде ќе бидат на сериозен испит за трите бодови. Работнички беше во голема резултатска криза имаше реми и три последовалтени порази, а во претходното коло одвај победи во Велес против Борец со 0:1. Академија Пандев е во далеку подобра форма, и е силно мотивирана за продолжување на позитивната серија резултати, па очекувањата ќе бидат да гледаме израмнет и неизвесен натпревар.
Формата е предност за „пандевци“, домашниот терен е предност за „романтичарите“.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.