
Општина Струмица и Детската Фондација Песталоци од Швајцарија денес потпишаа Меморандум за разбирање, во рамките на проектот „Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем.
„Децата се и ќе бидат наш приоритет. Ја имаат мојата максимална поддршка сите подеднакво во образовниот процес, во и надвор од училиштата. Тие се иднината на нашата општина и држава. Денеска потпишавме Меморандум за разбирање со Детската Фондација Песталоци од Швајцарија и општина Струмица, а во рамките на проектот „Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем“. Со тоа се обврзуваме дека ќе обезбедиме ефикасна и ефективна поддршка за основните училишта при спроведувањето на прилагодената наставна програма за образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница за вклучување во соодветно одделение на основно образование. Во овој проект се вклучени основните училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица. Да им се радуваме на децата и да им овозможиме правилен развој и квалитетно образование. Со срце за децата од нашата Струмица“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.






