Денеска се асфалтира на улицата „Киро Абрашев“ во Струмица

Градежната механизација и денес е на терен, вели градоначалникот Костадин Костадинов, кој додава дека градежната офанзива е започната вчера со улицата „Цента Павлова“ на којашто беше поставен втор слој асфалт, а денес се асфалтира и улицата „Киро Абрашев“.

„Ни променливите временски услови не не попречуваат да се откажеме од нашиот план и дадениот збор. Градежната механизација и денеска е на терен. Градежната офанзива вчера ја започнавме од улицата „Ценка Павлова“ на којашто беше поставен втор слој асфалт, а денеска се асфалтира на улицата „Киро Абрашев“. Работиме со многу љубов и со срце за нашата европска Струмица“, вели Костадинов.

Comments are closed.