Голема победа за младите кошаркарки на Струмица над Работнички

Започнаа натпреварите во младинските лиги од новата сезона. Младите кошаркари на Струмица викендот настапи во М-18 лигата (играчи родени 2004 и помлади) и забележа голема победа на гостувањето во Скопје против екипата на Работнички. Сите играчи предводени од тренерот Ики Христов покажаа добра игра и дадоа свој придонес во победата.

Во листата на стелците се запишаа Д. Зетов со 23 поени, Д. Алексиќ 21, Д. Зимбаков 16, Д. Ахтаров 14, С. Мирчевски 11, К. Ангелов 4, М. Манзаклиев 3, Д. Дончевски 2 поена.

Comments are closed.