
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денес имаше средба со директорот на ЈПЕД „Струмица – Гас“, Благој Милановиќ, каде снабдувањето со природен гас на сите корисници од Општина Струмица беше основна тема за дискусија.
„Во рамки на мојата денешна агенда беше реализирана посета на ЈПЕД „Струмица-Гас“. На истата таа средба беше укажано за почитувањето на редот и дисциплината и во ЈПЕД „Струмица-Гас“, нешто кое го очекуваат и самите граѓани од нас. Струмица ја има можноста за користење на природен гас како енергенс. Во разговор со Директорот Благој Милановиќ, бев информиран дека состојбата со потрошувачка на гас е во рамки на нормалата и не се очекува проблем на ова ниво. Сепак, треба интензивно да се следи целата состојба, затоа што е исклучително важно покрај постоечките, да се работи на концепт за зголемување на бројот со нови корисници на природен гас“, вели Костадинов.


