Во драматичен финиш ракометарите на Астраион загубија од Македонија ЃП

Ракометарите на Астраион на тешкото гостување во Скопје против Македонија Ѓорче Петров во рамки на седмото коло од Првата машка ракометна луга – Група Б загубија во драматичен финиш со 31:30.

Одличен натпревар со младите струмички ракометари кој на крај немаа среќа да запишат барем бод на тешкото гостување во Скопје.

Најдобар кај Македонија ЃП беше Владимир Спировски со 12 погодоци, додека пак кај струмичани најрасположен беше Иванче Ончев кој постигна 13 погодоци.

Во следното коло Астраион ќе гостува кај екипата на МРК Куманово.

Comments are closed.