
Денес беше одиграно дербито на колото во Првата женска фудбалска лига меѓу Каменциа Саса и Тиверија кое заврши со триумф за актуелниот шампион од 2:1.
Капитенката Ана Димитровска во 30. минута го отвори резултат за водство на Саса, а пред крајот на првиот дел Елена Панеска погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Сара Велкова во 74. минута ги постави конечните 2:1.
Во следнот коло Тиверија ќе гостува во Велес кај Борец.