
Фудбалерите на Беласица го загубија дербито со прилепска Победа, откако во Струмица со минимални 0:1 беа поразени од фаворитот за Прва лига.
Прилепчани триумфот го обезбедија со погодокот на Андреј Петкоски во 80. минута од натпреварот.
Ваквата ситуација ја спушти Беласица до петтото место на табелата со 14 освоени бодови, па може да кажеме дека струмичани се далеку од експресно враќање во Првата лига.
Беласица во следното коло на домашен терен ќе игра против Детонит.