Астраион на гостување кај Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Астраион денес ќе гостуваат во Скопје каде ќе се соочат со екипата на Македонија Ѓорче Петров во меч од 7. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б.

Двете екипи имаат идентичен скор од две победи и четири порази, па со по шест освоени бодови ја делат седмата позиција на табелата.

Домашниот терен ја фаворизира екипата на Македонија ЃП за трите бодови. Натпреварот се игра во салата „Кочо Рацин“ со почеток од 19:00 часот. Судиска двојка ќе биде Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје, а пак делегат Цано Куртовиќ исто така од Скопје.

Comments are closed.