
Фудбалерите на Тиверија од Струмица утре ќе гостуваат во Македонска Каменица каде ќе играат дерби против актуелниот шампион Каменица Саса.
Фаворитската улога ќе ја има домаќинот пред се поради домашниот терен. Големо дерби за трите бодови, како и дерби кое на крај може да биде пресудно и за титулата.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 11:00 часот.
Натпреварот ќе го суди Ивана Пројковска од Скопје, а ќе и помагаат Елена Соклеска Илиевски од Скопје и Бети Петковска од Куманово.