ОФИЦИЈАЛНО: Од денес Костадин Костадинов е новиот градоначалник на Струмица

Од денес и официјално Костадин Костадинов е новиот градоначалник на општина Струмица, откако денес од страна на Општината Изборна Комисија на Костадинов му беше доделено решението со кое официјално го добива четиригодишниот мандат да ја предводи Струмица.

„Денес од Општинската Изборна Комисија ми беше доделено решение со кое официјално го добивам четиригодишниот мандат да ја предводам Општина Струмица, кон најдоброто! Денес, со овој чин официјално станувам Градоначалник на Општина Струмица. Денес, започнува мојата зацртана мисија. Денес, почнуваме со работа, Општина Струмица да оди напред, посветена на сите вас, како нејзини жители. Драги cтрумичанки и cтрумичани,Ви благодарам за вашата одлука на овие локални избори да го дадете вашиот глас. Големо благодарам на сите вам кои ја препознавте мојата искрена намера и желба да го дадам најдоброто од себе, најдоброто од мојот тим, за најдобрата верзија на нашата Oпштина Струмица. Тоа што веќе го потенцирав, почнувам да работам и да ви служам, верно, чесно, домаќински… онака како што ме учеле и воспитувале и онака како што знам дека треба. Јас ја добив вашата доверба и ветувам дека ниту ќе дозволам, ниту пак ќе може некој да си поигра со неа. Со слух за вашиот глас, со енергично и динамично темпо, преку чесна и транспарентна работа ни претстои период во кој ќе демонстрирам дека визијата која нѐ водеше во изминатиот период не е само теорија, на хартија, туку реалност. Затоа, пред сите вас, граѓаните и жители на Струмица заедно со населените места ветувам ‐ од срце, за Струмица“, вели Костадинов.

Comments are closed.