Победа за ракометарите на Астраион против Металург-РА

Ракометарите на Астраион вчера со 28:26 славеа против Металург-РА во меч од 6. коло од Првата машка ракометна лига.

Резултатот на полувреме беше 11:11, а во вториот дел струмичките ракометари го диктираа темпото на играта.

Очекувано најдобар стрелец во редовите на Астраион беше Иванче Ончев со 9 погодоци, а го следеше Марко Стојанов со седум погодоци. Кај Металург-РА најдобар беше Бојан Божиновски со осум погодоци, а два помалку постигна Џулијано Христоски.

Comments are closed.