Беласица ја совлада Локомотива во Градско

ФОТО: ФК Локомотива

Беласица ја оправдата фаворитската улога и со 0:2 славеше над Локомотива во Градско во натпревар од 8. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Струмичани конечно се вратија на победите и се обидуваат да фатат приклулок со водечките екипите од Прилеп и Виница. Резултат беше отворен со гол на Васко Глигоров во 54. минута, а дваесет минути подоцна Глигоров со втор гол ги постави конечните 0:2.

Беласица останува и понатаму на четвртото место на табелата со 14 бодови и негатива од пет бодови во однос на водечките Слога и Победа. Во следното коло Беласица го игра клучното дерби против Победа за враќање во елитата.

Comments are closed.