
Ракометарите на Астраион во сабота на домашен терен ќе ги одмерат силите со екипата на Металург-РА во меч од 6. коло од Првата ракометна лига.
Струмичките ракометари според формата и домашниот терен ќе важат за фаворити за трите бодови и втора сезонска победа. Во досегашниот тек од сезоната, односно по пет одиграни кола Астраион има четири порази и една победа, па со три бодови се наоѓа на осмата позиција на табелата, додека пак Металург-РА нанижа пет последователни порази и без бодови се наоѓа на дното од табелата.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 16:00 часот. Судиска дваојка ќе биде Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Припеп, додека пак делегат ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.