
Беласица в сабота против Локомотива во Градско ќе се обиде да се врати на победите во рамки на 8. коло од Втората лига – Исток.
Струмичките фудбалери се во резултатска криза и на последните три натпревари не знаат за победа. Трите бодови се повеќе од потреби со цел фаќање на брз приклучок со водечките Слога, Победа и лидерот Саса за првото место и експресен кам бек во елитата.
Од друга страна и Локомотива ќе има притисок за победа и три бодови со цел да може да се надева на сигурен опстанок во второлигашкото друштво.
Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски од Скопје.