
Екипата на Академија Панев в недела ќе гостува во Велес каде ќе ги одмери силите со Борец во меч од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ играат во одлична форма и целат кон излез во Европа, па иако на гостиснки терен, в сабота струмичките фудбалери според формата би биле фаворити за трите бодови и шеста сезонска победа.
Борец кој денес го промени тренерот, па на местото на Борче Христов дојде Јане Николовски се бори за сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија. Велешани ќе имаат голем притисок за триумф со цел брз излез од опасната зона.
Натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Велес и ќе стартува во 14:00 часот ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид.