
Академија Пандев во среда на СЦ „Пандев“ во Струмица ќе ги одмери силите против екипата на Македонија Ѓорче Петров во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.
„Пандевци“ обезбедија директно учество во осминафиналето како лански финалисти каде во финалето загубија од Силекс, додека пак „лавовите“ со високи 0:3 славеа над Детонит во Радовиш.
Натпреварот ќе започне во 14:00 часот, главен судија ќе бие Крумислав Ѓоргиев од Штип, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Зоран Саздовски исто така од Штип.