Беласица во среда против Силекс во Купот на Македонија

Фудбалерите на Беласица во среда на домашен терен во Струмица ќе ги одмерат силите со Силекс во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.

Натпреварот ќе е одигра на „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 14:00 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Игор Иванов од Велес, а ќе му помагаат Петар Новачев од Велес и Илија Гонев од Неготино.

Инаку, Беласица во претходната фаза славеше над Кораб во Дебар со 1:2 и на тој начин обезбеди осминафинале против освојувачот на Купот, Силекс од Кратово.

Comments are closed.