
Вечерва СДСМ и Костадин Костадинов прогласија голема победа на локалните избори во општина Струмица. Костадинов е новиот градоначалник на Струмица.
Целосното обраќање на Костадинов:
„Ова е мојот град! Ова се Струмичаните! Ова се граѓаните на град Струмица! Ова се жителите на сите населени места од нашата општина!Ова е резултат со кој, да сме живи и здрави, ќе заокружиме 2 децении целосна политичка доминација во Струмица, 2 децении социјалдемократија, 2 децении слобода, демократија, еднаквост.На почеток, дозволете да ја поздравам успешноста на овие локални избори и демократскиот капацитет кој уште еднаш го покажавме на дело. Да, македонскиот народ и тоа како знае што е демократија!Најнапред би сакал да се заблагодарам на сите граѓанки и граѓани кои се одважија да излезат на гласање и да го дадат својот глас,особено голема, огромна благодарност за сите Вас кои денес гласавте за нас и нам ни ја дадовте довербата. Тука, би искористил да честитам и да се заблагодарам на сите мои сопартијци и на тимот околу мене со кои успеавме во изминатите денови. За крај, одовде, вечерва можам како завет да кажам – Со целото срце, за Струмица!Имајте сите убава вечер, неделна, празнична вечер“, вели новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.





