
Ракометарите на Астраион загубија на тешкото гостување кај Јуниор Кисела Вода со 36:18 во натпревар од 5. коло од Првата ракометна лига – Група Б.
Домашната екипа важеше за голем фаворит на овој натпревар, а колку за потсетување лани и двете екипи се натпреваруваа во Суперлигата на Македонија.
Филип Димевски со девет погодоци беше прв стрелец за Јуниор Кисела Вода, додека пак во редовите на Астраион најдобар стрелец очекувано беше Иванче Ончев со седум погодоци.