
Академија Пандев со пресврт славеше против актуелниот шампион Шкендија, откако во Струмица на „Благој Истатов“ со 2:1 стигна до својот петти сезонски трумф во рамки на 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Гостите од Тетово први дојдоа до водство со голот на Љупчо Дориев во 17. минута од натпреварот. Во вториот дел Мартин Мирчевски со два погодоци во 77. и 87. минута донесе големи три бодови за „пандевци“.
Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Велес кај Борец, додека пак Шкендија ќе биде домаќин на Работнички во Тетово.