
Осогово со 0:2 ја шокираше Беласица среде Струмица за многу важен триумф и прогрес кон средишниот дел од табелата во натпревар од 7. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Јасин Муше во 15. минута донесе водство за „жетварите“, а Аделин Ќазимов погоди за конечни 0:2 во 77. минута.
Во следното коло Беласица ќе гостува во Градско кај екипата на Локомотива, додека пак Осогово ќе биде домаќин на Кит Го од Пехчево.