
Фудбалерките на ЖФК Тиверија со сигурни 4:2 славеа над ЖФК Скопје 2014 во меч од 2. коло од Првата женска фудбалска лига. На вчерашниот натпревар Теодора Димоска и Викторија Димоска го забележаа својот стоти настап во дресот на струмичкиот клуб. Двете фудбалерки се дел од ЖФК Тиверија од 2017 година. Теодора Димоска е најдобриот стрелец во клубот со постигнат 191 гол и е репрезентативка во сениорската репрезентација. Викторија Недева со само 18 години е еден од столбовите на одбраната и е дел од У19 репрезентацијата на Македонија.

Во Струмица резултатот беше отворен уште во 16. минута, откако Маријана Јанков ја стресе противничката мрежа за 1:0. Во 28. минута капитенката Елена Петовска постигна гол за 1:1. Пред крајот на првиот дел Радица Велкова донесе нова предност за домашните од 2:1 на полувреме.

Во вторито дел Маријана Јанков со втор гол донесе предност од 3:1 за Тиверија, две минути подоцна Теа Божиновска намали на 3:2. Во финишот од натпреварот Теодора Димоска ја погоди мрежата на Верица Колевска за конечни 4:2.
