
Фудбалерите на Беласица в сабота на домашен терен во Струмица ќе ги одмерат силите против Осогово од Кочани во меч од 7. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Беласица ќе биде пред сериозен испит за конечен триумф со цел да остане во чекор со непоразениот лидер Каменица Саса за експресен кам бек во елитата. Беласица во последните две кола нема триумф, откако токму од Саса загуби дома со минимални 0:1, а во претходното коло одигра само 1:1 против Слога во Виница.
Квалитетот и домашниот терен ја прават Беласица да биде фаворит за трите бодови. Натпреварот ќе започне во 14:00 часот, а главен судија ќе биде Александар Василевски од Скопје.