
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов вели дека на годишно ниво ќе се организираат струмички угостителско ‐ туристички форум, како и редовни квартални средби.
„Живееме во oпштина која навистина има што да понуди од аспект на туризам и угостителство. На нас останува сите овие потенцијали и капацитети кои ги имаме, како и оние кои допрва ќе ги изградиме и подигнеме, правилно да ги насочиме и во дух на струмичката гостопримливост, да ги отвориме вратите за повеќе, поредовни туристи, како домашни, така и до поширокиот регион.За редовно да сме синхронизирани со сите вас, како и да имаме слух за вашиот глас, на годишно ниво ќе организираме струмички угостителско ‐ туристички форум, како и редовни, квартални средби, во чии рамки ќе можеме да дискутираме и да споделиме различни идеи и мислења за уште поголем понатамошен напредок на угостителско-туристичкиот сегмент и локалниот економски развој, како и да ги решиме тековнитепредизвици.Сето ова можеме да го направиме исклучиво заедно, со доверба, посветена работа и со подадена рака помеѓу локалната самоуправа и двата сектори – туризам и угостителство. Само така ќе имаме повеќе посетители, повеќе клиенти, повеќе туристи и поразвиеналокална економија. Знаеме и можеме да го понудиме најдоброто за Струмица“, вели Костадинов.







