Струмичани даваат огромна поддршка за Костадинов и СДСМ

Според најновиот извештај за истражување на јавното мислење во општина Струмица спроведено во период од 1 до 7 октомври 2021 година, на репрезентативен стратификуван примерок на 800 испитаници кај лица над 18 година со маргина на грешка + – 3,44% кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Костадин Костадинов има огромна поддршка од граѓаните пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ Жан Дрвошаров.

На прашањето „За кој од следните кандидати за градоначалник во општина Струмица ќе го дадете својот глас на локалните избори ?“ за Костадин Костадинов од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ се изјасниле 39,8%, за Жан Дрвошаров од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ 26,9%, додека пак за Васе Витанов од Интегра 2,5%.

„Доколку на локалните избори за Градоначалник на Струмица треба да бирате помеѓу Костадин Костадинов од СДСМ и Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ, за кој од нив двајца би гласале ?“

40% од испитаниците се изјасниле за Костадин Костадинов од СДСМ и Коалицијата „Најдоборот за мојата општина“, додека пак за Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ се изјасниле 27,1%.

Истражувањето беше спроведено од страна на Тим Институт. Локалните избори се закажани за в недела (17 октомври).

Comments are closed.