(ФОТО) Костадинов: Како општина препознатлива по земјоделието и земјоделските култури, драго ми е што на територија на Струмица имаме друштва како „Струмичко Поле“ А.Д

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Косадинов вели дека драго му е што на територија на Струмица имаме друштва како “Струмичко Поле“ А.Д.

„Како општина препознатлива по земјоделието и земјоделските култури, драго ми е што на територија на Струмица имаме друштва како “Струмичко Поле“ А.Д. Оваа компанија се занимава со производство и продажба на земјоделски култури како жито, асталско грозје, вино, ракија и други земјоделски и сточарски производи. Знам дека работата со земјоделски култури е напорна и макотрпна, но знам и дека со реално спроведлив план, со користење на постоечки програми и фондови и соработка со општината, истата се исплати. За ова сведочат и “Струмичко Поле“ А.Д. Низ изминатите години сретнав, слушнав и видов многу можности кои мора да ги искористиме директно за вас – земјоделците и компаниите кои се занимаваат со земјоделие. Заедно знам дека можеме да го искористиме најдоброто – за да ви биде работата планска, систематска, полесна и поисплатлива. Само вака ќе одиме чекор понапред – уште повеќе ќе го развиеме овој сегмент во нашата општина и ќе имаме посреќни и позадоволни земјоделци“, вели Костадинов.

Comments are closed.