
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов денес го посети здружението на слепи лица.
„На средбата со здружението на слепи лица акцент ставивме на потребите и проблемите кои ги имаат во нивното секојдневие. Потребно е посветеност и внимание кон нивните права за еднаквост со сите останати. Овој принцип мора да е дел од нашето општество кое мора да овозможи услови за независно и самостојно живеење и функционирање во секојдневието.Затоа сме тука, да им го направиме поедноставно“, вели Костадинов.

