КК Струмица со убедлива победа на КК Црн Дрим ја стартуваше новата сезона во Втора лига

АРХИВА

Кошаркарите на Струмица со убедливи 103:68 славеа над Црн Дрим од Струга на стартот од новата сезона во Втората кошаркарска лига.

Во спортска сала „Парк“ струмичани имаа тотална доминација во текот на целиот натпревар од 1. коло. Првата четвртина заврши со водство за КК Струмица со 29:24, потоа следуваше поголема доминација со 18:8 во втората четвртина. Во третиот период домаќините беа подобри со 29:18, а во последната четвртина струмичките кошаркари имаат предност од девет разлика.

Во второто коло Струмица ќе гостува кај екипата на Баскет Кам.

Comments are closed.