Костадинов: Нашата општина редовно посветува внимание на спортот и спортските капацитети

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костаднов вели дека општина Струмица редовно посветува внимание на спортот и спортските капацитети.

„Струмица е град на спортисти, рекреативци. Струмичани секогаш биле активни луѓе. Нашата општина редовно се посветува внимание на спортот и спортските капацитети. Ќе продолжиме во иста насока, повеќе и уште подобро.

⭕️ Изградба на капитален објект ‐ ново отворено игралиште за ракомет и кошарка.

⭕️ Реконструкција на двете тениски игралишта, како и на Воениот базен со помошните простории.

⭕️ Проширување на пешачката патека која ќе го поврзе Карпош маало со Градскиот Парк.

⭕️ На просторот зад АТШ Берово, на локација со површина од 6.500 метри квадратни, веднаш зад Спортскиот Центар “Пандев“ планирана е изградба на нов капитален објект ‐ затворен базен.

⭕️ Изградба на две отворени игралишта за одбојка, од кои едното за одбојка на песок со мала трибина за гледачи, како и памп‐трак патека за велосипедисти.

⭕️ Изградба на спортски сали во рамки на СОУ “Јане Сандански“ и ООУ “Сандо Масев“.

Вака, реално, со изведба на нашата програма овозможуваме на жителите на Струмица услови за здрав и живот, исполнет со спорт и рекреација“, вели Костадинов.

Comments are closed.