(ФОТО) Костадинов: Имаме план и програма со конкретни мерки во кои се опфатени предучилишните капацитети, како и основните и средните училишта

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Струмица, Костадин Костадинов вели дека имаат план и програма со конкретни мерки во кои се опфатени предучилишните капацитети, како и основните и средните училишта.

„Како млад човек кој сеуште не ги заборавил деновите поминати во училишна клупа, драго ми е што денес имав можност отворено да разговараме на тема која сите нас искрено нѐ засега – условите и можностите за реализација на воспитно-образовниот процес во општина Струмица.Знам дека и покрај досегашните вложувања во објектите и обезбедување подобри услови за работа, секогаш може повеќе и подобро!Токму затоа, продолжуваме плански, во согласност со вашите реални потреби. Продолжуваме да вложуваме во образованието и нашата иднина. Имаме план и програма со конкретни мерки во кои се опфатени предучилишните капацитети, како и основните и средните училишта.Инфраструктурно, имаме за цел да реконструираме дел и да изградиме нови воспитно-образовни објекти или сегменти од објекти онаму каде што е потребно зголемување на капацитетите.Општина Струмица расте! Со силна динамика се развиваат населените места и се зголемува потребата од предучилишни воспитно образовни капацитети во населените места во општина Струмица. Затоа, со донесувањето на Деталните Урбанистички Планови за населените места Просениково, Дабиле и Банско се предвидуваат нови градинки.Исто така, предвидена е доградба и нова спортска сала како дел од училиштата СОУ „Јане Сандански“ и ООУ “Сандо Масев“.Покрај ова, планирам сериозен дел од буџетот наменет за образовниот сегмент да биде насочен кон обезбедување на потребните едукативни и дидактички средства за непречена, целосна и еднаква настава и образование. Напоредно со процесот за дигитализацијата и користење на нови технологии, ќе вложиме буџетски средства за традиционални помагала за настава– од географски карти, глобуси, школски помагала наменети за предметите како биологија, хемија и друго, се во согласност со реалните потреби на училиштата.Ја имате мојата недвосмислена поддршка, како професионалци и создавачи на деца, луѓе, генерации кои сé потребни на нашето Општество.Од срце, за идните генерации, за Струмица“, вели Костадинов.

Comments are closed.