Кошаркарите на Струмица утре против Црн Дрим ја започнуваат новата сезона

Кошаркарите на КК Струмица утре ќе ја започнат новата сезона од Втората лига, а во првото коло ќе се соочат со екипата на Црн Дрим од Струга.

Натпреварот утре ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ со почеток од 13:00 часот.

Инаку, во новата сезона струмичките кошаркари ќе се натпреваруваат против екипите на Хераклеа, Чаир 2030, Вардар, Тетекс ТТК, Медика Карта, Баскет Кам, Шкупи, Охрид, Борец Баскет, Партизан Б.С. и Црн Дрим, екипа против која ќе играат веќе утре.

Comments are closed.