Костадинов: Реализацијата на три важни булеварски решенија

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов најави реализацијата на три важни булеварски решенија кои ќе значат како што вели не само побрз проток на возила и олеснување на движењето низ градот, туку и непречено движење без застои што допринесува за намалување на емисија гасови од автомобилите и директна заштита на животната средина и намалување на загадувањето во нашиот град.

„Реализацијата на овие три важни булеварски решенија значи, не само побрз проток на возила и олеснување на движењето низ градот, туку и непречено движење без застои што допринесува за намалување на емисија гасови од автомобилите и директна заштита на животната средина и намалување на загадувањето во нашиот град. Ете ова е нашиот пристап за континуиран развој и напредок на градот и Општината. Со континуираниот третман на примарната сообраќајна инфраструктурна, Локалната Самоуправа во Струмица постојано работи на решавање на главните патни артерии во градот. Покрај веќе завршените: “Маршал Тито“, “Гоце Делчев“, “Ленинова“ и “Климент Охридски“, во овој период интензивно се работи на 3 булеварски решенија. Во фаза на реализација е регулацијата на поројот Свети Илија во чии рамки, во габарит од две сообраќајници паралелни со поројот ќе биде изведен булеварот “23.Окромври“. Со оваа капитална инвестиција инфраструктурно се третира овој дел од Град Струмица. Надлежните Институции и Органи работат на подготовка на потребната проектна документација за изведба на булеварско решение и трансформација на “Климент Охридски“ во широко габаритен булевар на потегот од кружниот тек кај “Жито Струмица“ до “Терминалот“. Трет реален проект кој е во почетна фаза на реализација е трасата од булеварот “Братство и Единство“ која се протега од крстосницата со булевар “Климент Охридски“ до спојот со главната улица кај “Агроберзата“. Ова траса, како една од главните сообраќајници во Струмица е важна комуникација во овој дел на градот. Ги поврзува сите останати споредни улици кои гравитираат кон неа и со улицата “Гоце Делчев“ и патот за с. Просениково се создава блоковско поврзување“, вели Костадинов.

Comments are closed.