
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов вели дека еднаквото учество на мажите и жените во процесот на креирање на политики е од суштинска важност.
„Еднаквото учество на мажите и жените во процесот на креирање на политики е од суштинска важност. Интензивно се залагаме и работиме во правец на поистоветување на правата и можностите кои треба да ги уживаат секоја една жена, маж, момчиња и девојчиња ‐ во сите аспекти на нивното живеење: општествени, политички, правни и економски. Во секоја клетка од општеството да постои знак за еднаквост помеѓу жените и мажите. Јасно и децидно го поддржувам и понатаму безрезервно ќе се залагам за развојот на женското претприемништво. Сум и ќе бидам силен борец за родовата еднаквост во рамки на сите структури од системот на нашата Општина. Нека овој денешен настан прерасне во традиција која ќе ја одржуваме години нанапред, сѐ со единствена цел – градоначалникот да ви служи и секогаш биде поддршка и на ваша страна“, вели Костадинов.