Градоначалникот Јаневски упати честитка по повод Светскиот ден на учителот

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски упати честитка по повод Светскиот ден на учителот.

„Светскиот ден на учителите, 5-ти Октомври, кој е прогласен од страна на УНЕСКО во 1994 година како ден за славење на учителската професија, ги опфаќа сите учители, наставници, професори и воспитувачи кои секојдневно се посветени да го предадат своето знаење кон младата личност на која и се потребни нови знаења, способности и вештини. Во овие посебни услови кога веќе втора година се соочуваме со општествената и здравствена криза предизвикана од пандемијата на Ковид 19, Вие учителите, покажувате и докажувате со Вашиот труд, ентузијазам, посветеност и професионална одговорност, дека може успешно и безбедно да функционира воспитно-образовниот процес и беспрекорно да се едуцира секое дете и му се овозможува правото на образование.Учебната година ја започнавме со физичко присуство во објектите на основните и средните училишта и ме радува фактот што досега со почитувањето на планот и протоколот за работа за учебната 2021/22 година, успешно и безбедно се реализира воспитно-образовниот процес во деветте општински основни училишта и трите средни општински училишта.Општина Струмица, како одговорна општина, секоја буџетска година ја дава поддршката за обезбедување оптимални услови за изведување на воспитно-образовниот процес и унапредување на професионалниот и кариерен развој на целокупниот наставен кадар. Ви го честитам Светскиот ден на учителот и Ви посакувам успешна и креативна работа во Вашата благородна професија“, се вели во честитката на Јаневски.

Comments are closed.