
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов зборуваше на темата за спортот.
„Струмица има богата спортска историја. Имаме спортисти кои постигнале врвни успеси, како на индивидуален, така и на колективен план. Исто така, имаме и спортски клубови кои запишале врвни спортски резултати.Сегашноста се гради, а иднината се планира со здрави луѓе. Токму затоа, на сите нас, спортот ирекреацијата треба да ни се инспирација и мотив за чекорење напред. Со нив се постигнуваатврвни спортски резултати, но се унапредува личното и колективното здравје. Токму нашиот град е непресушен извор на спортски таленти и љубители на рекреацијата, нешто кое дава гаранција за спортска иднина.Во таа насока, нашата програма со сите предвидени проекти фокусирани на спортот има за цел да биде пријател и поддржувач на спортистите и рекреативците во Општина Струмица. Затоа, сите заедно како тим, ќе ја одржуваме постојната инфраструктура и секако, ќе работиме на проширување и осовременување на спортските капацитети“, вели Костадинов.