
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека во програмата се нуди изградба и на адреналински парк.
„Струмица е град на спортисти, рекреативци. Покрај големиот број на игралишта, фудбалски терени, спортската сала, стадионот, сепак струмичани најчесто одбираат да рекреираат во природа и тоа токму на најпознатата трим патека до Свети Илија. Нудиме реконструкција на истата, збогатувајќи ја со спортски содржини и урбана опрема. Спортот и рекреацијата е најдобар начин за поврзување на луѓето и природата. Уживање во сите благодети кои ги нуди нашиот Парк Шума Свети Илија, како и местото викано Чамчифлик. Струмичани паметат дека генерации наназад се емотивно поврзани со овие две места. Затоа ќе се потрудиме да го заживееме просторот, да ги вратат спомените и да доживуваат нови моменти. Сето тоа ќе го реализираме со изградба на пикник зона со летниковци и простори за дружење и одмор. Но, секако покрај одморор, рекреацијата, дружбата, спортот и користењето на чист воздух тука имаме и можност за доза на адреналин. Затоа во програмата нудиме изградба и на адреналински парк. Секако содржините ќе ги потврдииме преку отворена соработка со граѓаните во зависност од нивните идеи и желби, вклопени со нашите можности. Во соработка со стручни лица, преку изведба на точна проектна програма, доминантен проект со капитална вредност наменет за спорт и рекреација е изградбата на адреналински парк. На локацијата Чамчифлик, на површина од 6000м2 планираме да конструираме реквизити од природни материјали наменети за рекреативци со екстремен спортски дух. Секако, согласно концептот, адреналинскиот парк ќе овозможи користење на реквизитите на деца граѓани кои ќе имаат желба исклучиво за рекреација. Нашата програма третира капитални проекти со кои се трудиме да овозможиме за жителите на Струмица услови за здрав и живот, исполнет со спорт и рекреација“, вели Костадинов.