
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов вели дека пензионерите и старите лица се важен сегмент во нашето општество.
„За да ја креираме најдобрата верзија од нас и нашето опкружување, важно е да знаеме кои сме и од каде потекнуваме. Да се навратиме кон нашите корени и столбовите на нашата денешница – луѓето кои досега неуморно создавале. Не треба да чекаме посебен повод, туку редовно да им посветуваме внимание и време преку активности и заложби со кои ќе им го направиме животот во третата доба пријатен и удобен. Пензионерите и старите лица се важен сегмент во нашето општество, сограѓани кои го давале најдоброто од себе за денес да чекориме тука, заедно.Сограѓани кои го заслужуваат најдоброто за нив и за нашата општина“, вели Костадинов.