
Вечерва на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше промоцијата на кандидатот за градоначалник Костадин Костадинов и носителот на советничката листа Марјан Даскаловски од редовите на СДСМ и коалицијата. Костадинв вели дека вечерва ја видел големата сила на победата.
„Ова сме ние струмичаните, ова е мојата Струмица, горда и достоинствена. Вака се сака Струмица, од срце. Вечерва ја видов големата сила на победата. Затоа што сме најдобрите“, вели Костадинов.







