Костадинов: Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица, од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов вели дека помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери.

„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните. На таков начин, со брза и ефикасна размена на информации за услуги од надлежностите на локалната самоуправа ќе овозможиме континуирана комуникација со сите жители од Општина Струмица. Учеството на граѓаните во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање, еднаш на четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и поднесување на иницијативи ќе биде изграден вистински, партнерски однос. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место“, вели Костадинов.

Comments are closed.